Трет ден се трага по телото на удавеното момче во езерото во липковско: Во потрагата на „Тигрите“ им се придружуваат и „Волците“

 

Потрагата по 29 годишниот маж кој исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња се одвива трет ден, соопштија од Центарот за управување со кризи.

„Поради тешкиот терен за пребарување, многу косиот брег и голема длабочина која започнува веднаш по влегувањето во водата а на петнаесетина метри оддалеченост од брегот достигнува 40 метри, трет ден се ангажирани 10 нуркачи од САЕ Тигар кои се обучени да нуркаат до 40 метри длабочина. Тим за спасување на ДЗС од Велес врши површинска потрага по брегот на езерото а екипи на СВР Куманово го обезбедуваат местото на несреќата“, изјави Стојанче Ангелов, првиот човек на ЦУК.

Во текот на денешната потрага повторно е употребен подводен дрон на здружението Еко Турист Охрид, со кој се пребарува езерското дно, а неколку можни места се бележени и потоа се пребаруваат од нуркачите на Тигрите.

Во секој момент треба да пристигнат и 8 нуркачи од армиските специјалци Волци кои ќе се приклучат на потрагата.

01.08.2023 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега