Трет ден потрага по 30-годишниот маж кој исчезна во езерото Глажња

 

 

Трет ден трае потрагата по триесет годишниот жител кој влезе во водите на езерото Глажња во Липково и не излезе. Во потрагата се вклучени нуркачите од специјалната единица „Тигар“, Дирекција за заштита и спасување, како и нуркачи од Батаљонот за специјални сили Волци на Армијата.

Мештаните и роднините на исчезнатото лице по кое се трага се на лице место и се понудија за помош.

Видливоста на водата денеска е подобра за разлика од претходните денови.

 

01.08.2023 - 18:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега