Трендафилов: Со утрешниот протест сакаме да ги охрабриме судиите да го применат правото

Минималната плата од 450 евра да стане реалност, да се вратат трошоците за храна и превоз и да се склучат сите колетивни договори, очекуваат синдикалците во првите 100 дена од новата влада.

Со утрешниот предупредувачки протест поради Одлуката за одземање на Работничкиот дом, тие, како што рече вечерва претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, сакаат да ги охрабрат судиите во Врховниот и во Основниот граѓански суд, да го применат правото. Во меѓувреме, чекаат брза разрешница на барањето за повторување на постапката, но ако тоа не се случи до 1 мај, не гарантираат како ќе го манифестираат револтот и кои ќе бидат нивните следни активности.

Вториот протест, пак, закажан за 8 април, е поради неусогласување со минималната плата и со него ќе се испрати пораката, нагласи Трендафилов, дека никој не смее да биде оставен без зголемување на платите, особено сега, со покачувањето на цените и растот на потрошувачката кошничка.

Во гостувањето на ТВ Сител, Трендафилов потсети и дека на 1 мај, традиционално, ќе се одржи масовниот работнички протест.

-ССМ моментно води два процеса, едниот пред Уставнит суд, за заштита на правата на здружување и пред Основниот граѓанскиот суд, за повторување на постапката за конфискацијата на имотот. Најмалку што можат судиите да направат, е да ја исправат грешката. Работникиот дом е симболот на работничкото движење на работниците во земјава и е стар повеќе од 70 години, го преживеал земјотресот, ќе ја преживее и оваа срамна одлука на Врховниот суд. За 30 години, колку што траат сите постапки за за конфискација на Работничкиот дом, ова е првата пресуда која е на штета на работниците и во насока да им се одземе тоа што го граделе од сопствените плати. Синдикатите се уште се таму и ќе бидат уште 70 години, било чиј обид спротивен на тоа ќе биде залуден. Решени сме до крај да ја тераме постапката и нема да отстапиме од нашите барања. Пресудата се темели на слободно судско убедување и на закон од 1998 година за здруженија и фондации. Тројцата судии ја злоупотребиле својата моќ и ја донеле оваа срамна одлука на штета на целото судстсво во земјава. Тие ќе имаат многу за објаснување. Очекуваме и знаеме дека има разумни луѓе во Врховниот и во Основниот граѓански суд каде веќе имаме поднесено барање за повторување на постапката. Ги користиме сите возможни правни лекови, како барање за повторување на постапката кое очекуваме да биде експресно и да заврши до 1 мај. Ако не заврши до 1 мај, не можеме да ги гарантираме активностите што потоа ќе ги преземеме и на каков начин ќе биде изразен револтот на работниците, истакна претседателот на ССМ.

Тој повтори дека судиите со пресудата да се одземе Работничкиот дом, не прават „напад“ само врз синдикатит, туку и врз сите организации.

Во однос на платите, Трендафилов уште еднаш укажа дека не може кај нас минималната плата да биде 367 евра, а во регионот 450 евра.

-Имаме и најниска просечна плата во регионот. Граѓаните многу лесно ќе заминат во Црна гора, БиХ, Србија. Особено сега, со Отворен Балкан, може да бираат каде ќе работат. Многу брзо ќе дојде летото, кога половина од луѓето ќе заминат од земјава, а немаме друга таковина, сакаме тука да останеме, рече Трендафилов.

Според него, годинава со платата во март, платите во образованието, здравството и полицијата, нема да бидат зголемени, зашто не се потпишаа колективните договори.

-Протестот на 8 април ќе биде и поради незадоволството од непотпишување на анексот на Колективниот договор во здравството, но ќе биде и порака до сите дека не смее никој да биде оставен без зголемување на платите, особено сега, кога трошоците на живот фрапантно растат, особено по пртестанокот на мерките за ограничени цени. ССМ и синдикатите црвсто ќе стојат на ставот дека платите мора да пораснат и клучната порака ќе ја упатиме на големиот протест на 1 мај. Сметаме дека сега е моментот работниите да не молчат, туку да бидат гласни, да не молат, туку да се борат, порача Трендафилов.

01.04.2024 - 21:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега