Тренчевска: Доставете ги доказите лично до мене за нечие непрофесионално работење, ние ќе постапиме

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска беше запрашана и за наводни врски коишто ги имале насилниците во центрите за социјална работа и колку таа има информации за тоа.

Постои социјална инспекција во МТСП која што работи по претставки како и секоја друга инспекција, меѓутоа и редовни надзори, особено редовни надзори во делот на имплементација на Законот за спречување на насилство врз жените и семејното насилство, во процедурите, во роковите. Така што, видете, ни требаат докази. На сторија може се да се каже. Имаше една сторија, мислам дека беше преку Алфа за во Крива Паланка или во Кратово за едно повеќечлено семејство, едно девојче кое што не пробало „смоки“, и излезе на крајот дека ништо од тоа нема вистина“, рече таа.

Тренчевска додаде дека тие се тука за да ги штитат правата на сите оние коишто се целна група на Министерството без разлика дали се жртви на насилство, работници, дали се лица со попреченост, пензионери, било која од целната група која што е надлежност на МТСП.

„Доколку имаме докази дека некој постапил непрофесионално, надвор од своите ингеренции ќе биде казнет и дајте ни докази за тие стории дека некакви врски, да ги погледнеме предметите заедно со инспекторите па ако има секако ќе бидат променети решенијата и казнети вработените“, објаснува Тренчевска.

Во однос на зголемувањето на платите во центрите за социјална работа, таа рече дека целта е токму да се зголеми професионализмот и продуктивноста на вработените во центрите да решаваат врз основа на закон, а не врз основа на некакви други убедувања.

Во најголем дел колегите се професионалци. Но, вие имате две страни. Какво и решение да се донесе едната страна ќе биде секогаш незадоволна и најлесно е сега преку медиумите да излеземе и да окривиме дека некој не работел професионално. Затоа, ако имаме докази – дајте ги доказите, доставете ги лично до мене, ќе ги провериме предметите, инспекцијата ќе ги провери и ќе постапки соодветно на доказите коишто ќе ги има како инспекција“, уверува таа.

15.01.2024 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега