Трамп по четврти пат номиниран за Нобелова награда за мир
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повторно е предложен за Нобелова награда за мир. Овој пат од страна на републиканската конгресменка Клаудија Тени.
Причина за негова номинација, според конгресменката е потпишувањето на Абрахамскиот договор, за кој бил посредник.
Абрахамскиот договор е потпишан помеѓу Израел, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати, чија цел била нормализирање на нивните односи како дел од општата резолуција за тековните тензии меѓу арапските земји и Израел, со посретство на Доналд Трамп.
Мароко и Судан го следеа нивниот пример и потпишаа слични договори во следниот период.
„Со децении, бирократите, „професионалците“ во надворешната политика и меѓународните организации инсистираа дека дополнителни мировни договори на Блискиот Исток се невозможни без решение на израелско-палестинскиот конфликт. Претседателот Трамп докажа дека тоа е лага“, рече конгресменката Тени за Fox News.
„Сега повеќе од кога било, кога слабото лидерство на Џозеф Бајден на меѓународната сцена ја загрозува глобалната безбедност и безбедноста на нашата земја, мора да го препознаеме силното лидерство на Трамп и неговите напори да постигне светски мир“, рече конгресменката Тени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа