Трамп: Националната економија целосно ќе пропадне доколку не се вратам во Белата куќа
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп предупреди дека националната економија целосно ќе пропадне доколку не се врати во Белата куќа следната година. Тој го опиша мрачното сценарио во објава на неговата платформа „Truth Social“
„Берзата е висока само затоа што луѓето очекуваат да победам на претседателските избори во 2024 година“, напиша Трамп со големи букви. „Ако не победам, моето предвидување е дека ќе имаме берзански „пад“ полош од оној во 1929 година – Големата депресија.
Единственото нешто што ја одржува „жива“ економијата се гасовите од она што го постигнавме за време на администрацијата на Трамп“, рече тој. Додаде дека, под надзор на претседателот Џо Бајден, високата инфлација „целосно ја уништи куповната моќ на потрошувачите“.
Трамп тврди дека официјалната статистика за инфлација, на администрацијата на Бајден, која покажува дека цените пораснале за околу 17 отсто од неговата инаугурација во 2021 година, ја потценува вистинската бројка.
Рејтингот на Бајден меѓу потенцијалните гласачи достигна нови длабочини во последниот месец. Една неодамнешна анкета на Универзитетот Монмаут покажа дека само 34% од гласачите позитивно го гледале неговиот настап.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа