Трамп ги турка цените на нафтата надолу

 


Цените на нафтата паднаа минатата недела по барањето на Трамп ОПЕК да ги намали, но Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) предвидува зголемување на понудата во 2025 година, дури и ако ОПЕК го одложи зголемувањето на производството.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 2,8 отсто, на 78,50 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 4,1 отсто, на 74,66 долари.

Падот на цените во голема мера е резултат на коментарите на Трамп кој во своето обраќање пред учесниците на Светскиот економски форум во Давос, изјави дека побарал од ОПЕК да ја намали цената на нафтата за да им наштети на руските финансии и со тоа да ја притисне Русија да почне мировни преговори со Украина.

Трамп и претходно изјави дека неговата цел е да го зголеми домашното производство на нафта, а истовремено да го забрза издавањето дозволи за нови проекти. ОПЕК со години го намалува производството поради слабата побарувачка по кризата со коронавирусот, но картелот неодамна најави зголемување на производството.

Во такви околности, Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) проценува дека понудата на нафта во 2025 година ќе се зголеми за 1,9 милиони барели дневно, дури и ако ОПЕК и неговите сојузници го одложат зголемувањето на производството до 2026 година, бидејќи независните производители предводени од САД ќе го зголемат производството.

 

Поради сето тоа, минатата недела цените на нафтата го забележаа првиот неделен пад годинава. Сепак, тие се уште се во пораст во однос на почетокот на годината – приближно шест проценти.

27.01.2025 - 09:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега