Трајчулески за Договорот со Британија: Дали веќе се договорени фирмите – изведувачи

 


Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, од собраниската говорница упати сериозни прашања до Владата и побара итна транспарентност за одредбите од договорот со Обединетото Кралство, со кој, како што рече, се отвораат можности за нетранспарентни зделки и заобиколување на Законот за јавни набавки.

Посебна загриженост, според него, предизвикува и ставот 2 од членот 2 од Договорот, кој вели: „ќе се олесни запознавање со британски деловни субјекти за поддршка на реализацијата на проектите“.

„Македонската јавност има право да знае – што значи оваа одредба? Дали се работи за веќе договорени изведувачи? Ако е така, тоа е во директна спротивност со Законот за јавни набавки и принципот на конкурентност. Каква е тогаш логиката министерката за финансии да тврди дека ќе се почитува домашното законодавство?“, истакна пратеникот на СДСМ.

Во продолжение, тој посочи на многу нејасностии и на членот 3 од договорот, каде се вели дека ќе се работи на „мобилизирање на финансирање на приоритетните проекти наведени во анексот А“.

„Ова отвора ново прашање – дали за секој проект ќе се бара дополнително финансирање, со непознати каматни стапки и услови? Тоа значи висок степен на непредвидливост и сериозен финансиски ризик за државата“, предупреди Трајчулески.

СДСМ јасно порачува: Владата мора веднаш да излезе пред јавноста и да одговори на сите овие прашања. Граѓаните заслужуваат транспарентност, а не договори зад затворени врати.

28.05.2025 - 16:47

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега