Трагедија во Пинтија: Домашно куче уби осумгодишно дете

 

Осум годишно дете го загуби животот откако го нападнало куче од расата „Блу Мастиф“ во населбата Пинтија во Кисела Вода. 

 

Инцидентот се случил вчера, дел од медиумите јавија дека до нападот дошло откако детето се приближило кон дворот каде било чувано кучето од страна на приватен сопственик, по што било нападнато.

 

Од здобиените повреди детето било префрлено во Градската Болница каде починало.

 

Случајот го потврди и МВР.

 

-Вчера во 18,25ч. од ГОБ„Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив било донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г.. Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од поливијата.

12.04.2023 - 08:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега