Трагедија во Кина: Загинаа осум лица при несреќа во рудник за јаглен

 

Најмалку осум лица загинаа, а 15 се водат како исчезнати по несреќа во рудник за јаглен во градот Пингдингшан во кинеската провинција Хенан, јавува кинеската новинска агенција Ксинхуа.

Спасувачките операции се во тек, пренесува Ројтерс.

Прелиминарната истрага покажа дека несреќата се случила околу 14 часот и 55 минути по локално време поради излевање на јаглен-гас во рудникот, кој е во сопственост на кинеската компанија Пингдингшан Тианан Коал Манинг.

Според градската агенција за вонредни состојби, од 45 лица во рудникот, осум загинале, а 15 се водат како исчезнати, додека спасувачите контактирале со 22 лица.

„Вкупно 425 луѓе работеа под земја кога се случи несреќата, а 380 од нив беа извлечени од рудникот“, соопшти агенцијата.

Истрагата за несреќата е во тек.

12.01.2024 - 20:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега