Трагедија: Тело на 26-годишно момче од Македонија пронајдено во Софија

 

Тело на 26-годишен македонски државјанин е пронајдено на 17 декември околу 21 часот во близина на трговскиот центар „Парадајз“ во Софија, јавува дописникот на МИА од Бугарија.

Телото е испратено во Одделот за судска медицина. За случајот е поведена предистражна постапка. Според првичните сознанија, нема траги на насилство на телото на македонскиот државјанин, и најверојатно станува збор за предозирање.

19.12.2022 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега