Трагедија: Почина 30-годишна одбојкарка, нејзината последна објава е бура од емоции

На 30-годишна возраст почина бразилската репрезентативка и поранешна одбојкарка Паола Борго.

Таа боледувала од неизлечива форма на рак, а откако минатата година дознала за болест, се пензионирала.

Само два дена пред смртта, бразилската одбојкарка објави потресна порака на социјалните мрежи.

„Помина нашиот петти ден, а јас не бев доволно добрa ни да зборувам. Петтиот ден го поминавме во болница, ти се грижеше за мене и ми кажа колку ме сакаш.

Слушнав толку многу приказни за сопрузи кои ги оставиле своите жени кога се разболеле, Карлос беше сосема поинаков, ми покажа колку ме сака, ми покажа дека тој е човекот што ми го испрати Бог.

Љубов моја, можам да кажам многу добри работи за тебе, да напишам толку многу текстови за твојот карактер, да кажам толку многу убави фрази за тоа што си, но нема да обврзам.

Едноставно сакам сите да ја имаат привилегијата да го имаат Карлос во својот живот, син како Карлос, сопруг, брат и Карлос сигурно би бил одличен татко“, напиша Борго во својата последна објава.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Ana Paula Borgo (@anapaula8borgo)

12.05.2023 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега