Тошковски: Има најави за протести оваа есен но полицијата е подготвена

 

Дали има најави за немири оваа есен, од аспект на протести итн? Да, имаше изминатиот период таква информација, од повеќе причини. Ќе се справиме со нив, да, изјави утрово министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, одговарајќи новинарски прашања по посетата на пунктот за промена на лични документи „Пролет“ во Скопје.

 

Тошковски беше запрашан дали очекува и дали полицијата е подготвена за немири следниот период по одлуката на Уставниот суд во однос на Законот за јазици откако двата блока на албански партии најавија несогласување околу евентуалната одлука.

 

-МВР ќе одговори на секој еден предизвик во иднина, во рамки на неговите надлежности. Покажавме досега дека можеме да се соочиме со сите предизвици и да ги решиме соодветно. Така ќе биде и во иднина. Безбедносната состојба не е загрозена до тој аспект да се свика Советот за безбедност, додаде првиот полицаец, истакнувајќи дека истиот став го има и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

 

Македонското Собрание во 2018 година го донесе Законот за јазици. Законот предизвика многу реакции во и надвор од парламентот. Со законот се предвидува во сите органи на државната власт, како централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии и правни лица што вршат јавни овластувања, службен јазик освен македонскиот јазик и неговото писмо, да биде и албанскиот јазик.

03.09.2024 - 09:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега