Томовски: Треба да се купи нов владин авион

 

Директорот на СОЗР при Владата, Ивица Томовски, во емисијата на „360 степени“, емитувана на МРТ, изјави дека потребен е нов владин авион. 

- Владиниот авион е во функција, ќе оди во Виена на вонреден сервис. Неколку пати сум кажал во јавноста дека имам чувство како да се распаѓа. Не дека не се одржувал во минатото, но најверојатно е старост на авионот и не може да ги издржи годините, изјави Томовски за „360 степени“.

Според него е потребен нов авион бидејќи владиниот авион е дваесетина години стар.

-Многу често ни се случуваат дефекти. Сега е на сервис бидејќи протекува гориво од резервоарите. Тоа е сериозен проблем. Претседателот на Собранието беше приморан да се враќа во Македонија со редовни летови и други проблеми кои произлегуваат од одржувањето. Немаше полетување со него…, додаде Томовскиво емисијата.

Според Томовски, во ред е и половен авион но не постар од 2-3 години. 

Нов авион би чинел од 30 до 40 милиони евра па нагоре, додека половен околу 15 милиони евра.

 

21.01.2025 - 10:03

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега