ТМРО: ЕВН да го исклучи системот за електрично снабдување во Слупчане, ова е несфатлив нивен ултиматум

 

„ЕВН веднаш да го исклучи од системот за електрично снабдување селото Слупчане. За ТМРО е несфатлив ултиматимот од жителите кои бараат да плаќаат највеќе 3000 денари за потрошена електрична енергија и да оштетува трансформатори нанесувајќи штета и на други корисници“. Вака реагираат од ТМРО во врска со барањето на жителите на Слупчане. 

„Не може некој да плаќа 30.000 и да биде исклучен и да плаќа за други, кои за беспари ќе ја користат енергетската Македонска мрежа. По кој основ и зошто Слупчане бара привилегии“; прашуваат од ТМРО.

Инаку, селото Слупчане и Оризари се се’ уште без напојување, по дефектот предизвикан од мештаните по упад во мрежата.

Од ЕВН велат дека се’ додека не се создадат нормални услови за работа и се загарантира сигурноста на вработените на Електродистрибуција, нема да работат на санација на дефекти или да извршуваат редовни работни активности во овие села.

Екипите на Електродистрибуција работеа цела ноќ на санација на дефекти. Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија на селата: Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце.

Во текот на ноќта беше предизвикан нов дефект, исто така од мештаните на Слупчане, кој ги остави селата Матејче, Виштица и Никуштак. Овој дефект е саниран и снабдувањето е нормализирано и во овие села.

Дефектот на граничниот премин „Табановце” беше саниран вчера за кратко време. 

27.07.2023 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега