Тетовските пензионери по вторпат на протест

 

По втор пат  група пензионери од Тетовско денеска пред објектот на Здружението на пензионери јавно го изразија револтот од ниските пензии и дадоа поддршка на барањата за зголемување на пензиите. 

 

Овој пат, тие почнаа и да собираат потписи од пензионерите со цел и на тој начин да ги поддржат барањата за поголеми пензии.

 

-Бараме како линеарно покачување на пензии, потоа бараме на позитивна листа да се стават лекови кои досега ги немало, а пензионерите не се во можност да ги набават, поради високите цени. Собираме потписи да видат колку има незадоволни пензионери поради ова процентуално зголемување, што сметаме дека е ништо во однос на нивните покачувања од 78 посто. Редно беше да се слушне и гласот на пензионерите, изјави Дивна Зафировска.

 

И тетовските пензионери најавуваат дека во понеделник ќе дадат поддршка на протестот во Скопје.

 

- Во понеделник се оди во Скопје, ги молам сите пензионери кои се можност во 9.30 да си дојдат пред Веро за да одиме на протест во Скопје. Имаме доволно потписи, без разлика на националност, кои даваат поддршка за покачување на малите пензии, овој живот е многу тежок живот. Не се преживува со 12 илјади. Како што ќе биде минималната плата, да биде и минималната пензија, изјави Летка Мишовска.

 

Во Тетовско има околу 13 илјади пензионери.

 

 

 

11.08.2023 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега