Тетово: Тетовец покажувал слики на Вибер делови од машко тело на малолетничка

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ж.Т.(19) од с.Туденце, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикажување на порнографски материјал на дете“.

„На 25.06.2021, мајка на малолетно девојче од Скопје пријавила дека на мобилниот телефон на нејзината ќерка на апликацијата Вибер од машко лице ѝ биле покажувани делови од машко тело. По преземени мерки било откриено дека пријавениот ги испраќал пораките од телефонот на неговиот татко“-информираат надлежните институции.

Додаваат дека пријавениот го признал делото.

13.10.2021 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега