Тешко повреден тинејџер од Кочани откако со автмобил удрил во бетонски ѕид


Денеска во 02.09 часот во ОВР Кочани било пријавено дека во с.Оризари, кочанско, патничко возило „хонда“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Б.С.(19) од Кочани, удрило во бетонски ѕид.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а неговиот малолетен сопатник со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кочани.

16.08.2024 - 12:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега