Тешки повреди: Бесно куче ги прати во болница и газдата и соседот во скопски Карпош
Бесно куче ги прати во болница и газдата и соседот во скопски Карпош, информираше МВР
„На 21.02.2024 во 17.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 16.30 часот на подрачјето на Карпош, Љ.Н.(71) од Скопје бил каснат од куче сопственост на соседот Р.Л.(57) од Скопје. Притоа, и сопственикот бил каснат од своето куче при обид да го оттргне од соседот Љ.Н.. Со тешки телесни повреди се здобил Љ.Н., а со телесни повреди сопственикот на кучето, констатирани во приватна болница во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. “ - се вели во соопштението на МВР
22.02.2024 - 16:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа