Тешка сообраќајна незгода на автопатот „Гоце Делчев“, повредени неколку лица
Вчера вечер во 19.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „Гоце Делчев“, Свети Николе – Скопје, во близина на село Коњари, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот Б.С. од село Танушевци – општина Чучер Сандево и патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 61-годишниот Б.Д. од Скопје, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „пежо“, Б.Д.(57) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле уште една сопатничка од истото возило Б.С.(58) од Скопје, возачот Б.С. и неговата сопатничка М.Б.(23) од с.Танушевци, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа