Тешка сообраќајна несреќа во Прилеп: Скопјанец со комбе прегази пешак

 


Вчера во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Орде Тутески" во Прилеп, товарно возило „фолксваген крафтер" со скопски регистарски ознаки, управувано од П.А.(38) од Скопје, удрило во пешакот Љ.П.(64) од Прилеп.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп.

Увид  на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

25.10.2024 - 12:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега