Тешка сообраќајка во Скопје во ноќните часови: Автомобил удри во паркиран камион


Доцна синоќа во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(43) од село Трубарево, скопско, удрило во паркирано товарно возило „ивеко“ со гевгелиски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.К., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

16.09.2024 - 11:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега