Тешка сообраќајка во Скопје: Пет лица завршија во болница - меѓу нив и две деца

На 31.03.2023 околу 06.55 часот на крстосница од ул.„Горно Лисиче“ и ул.„Лисец“ во населба Горно Лисиче, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“, управувано од А.К.(24) од Скопје и патничко возило „фиат“, управувано од С.К.(33) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата возачот А.К. се здобил со тешки телесни повреди, а возачот С.К. и неговите сопатнички М.К.(31) и две малолетни женски лица, сите од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани  во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

01.04.2023 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега