Тешка сообраќајка на патот Маврови Анови-Гостивар: Тинејџер со мотор излета од коловозот

 

Вчера во 18.50 часот на регионален пат Маврови Анови – Гостивар, на место викано „Влајница“, Ј.А.(18) од Гостивар, управувајќи мотоцикл „бмв“ без регистарски таблички, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.А., констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар.

24.10.2024 - 13:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега