Терориски напад во Шведска: Најмалку 8 луѓе избодени со нож

Најмалку осум луѓе биле избодени со нож во напад во Шведска, пишуваат светските медиуми.

Според првичните информации кои доаѓаат од од локалните медиуми, станува збор за терористички напад, но барем засега нема таква официјална потврда од властите во Шведска.

Маж на околу 20 години е осомничен за нападот, а полицијата го застрелала за време на апсењето.

Портпаролката на шведскта полиција во Ветланда посочи дека не е позната тежината на неговите повреди, но рече дека полицијата го гледала во болницата каде што бил сместен.

За време на полициската акција, неколку делови од Ветландa беа блокирани, вклучително и областа околу железничката станица. Железничкиот сообраќај првично беше запрен поради инцидентот, но истиот беше обновен во намален капацитет, пренесува СВТ.

Засега нема индиции дека напаѓачот имал соучесници, а органите за спроведување на законот објавија дека ситуацијата во тој дел на Шведска е под контрола.

Според СВТ, полицијата примила пријава за инцидентот околу 15 часот по локално време, а граѓаните велат дека неколку лица биле нападнати со секира.

Локалните медиуми наведуваат дека полицијата првично го истражувала обидот за убиство, но потоа злосторството било претворено во можен терористички напад.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега