Тензиите во Украина нов ценовен шок: Од понеделник можно е да плаќаме рекордни цени за бензин и дизел
Тензиите во Украина предизвикаа голем скок на цената на суровата нафта на светските берзи. На берзата во Лондон врз основа на која се формираат и малопродажните цени во Македонија, само за еден ден еден барел нафта скокна за речи си 3 долари. Во моментов цената е околу 99 долари за барел највисока во последните десетина години.
Евентуална ескалација на тензиите дополнително може да ја зголеми побарувачката на нафта што дополнително ќе ја зголеми нејзината цена на берзите.
За нас во Македонија тоа значи дополнителен раст на малопродажните цени. Доколку продолжи овој тренд на забрзан раст на цената на суровата нафта на светските берзи и во текот на неделата, не се исклучува можноста од понеделник да имаме уште едно значително зголемување на малопродажните цени.
Ние и во моментов плаќаме рекордно висока цена. Литар бензин чини 84 денари за 98 октанскиот и 82 денари за 95 октанското гориво.
Дизелот во моментов чини 74 денари за еден литар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа