Температури до 39 степени: Проверете кои градови денеска „гореа“

Скопје, Велес и Демир Капија беа најтоплите градови денеска со температури до 39 степени. Струмица и Кавадарци после нив со 38 степени. Ова е пресекот на температурите до 17 часот.

Најладно беше во 22 часот во Демир Капија.

Во изминатите девет часа наврнат воден талог имаше во Пожарано 1 литар во метар квадратен, и во Крушево некаде помалку од еден.

Времето до крајот на денот сончево со мала до умерена локална облачност.

08.08.2024 - 17:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега