Телото на Данка од Србија се бара во бунари, септички јами, шахти – осомничените дале 20 погрешни локации

По исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2) од Бор, припадниците на српското МВР активно трагаа по неа.

Полицијата веќе во првите часови по исчезнувањето, ја проверуваше секоја дупка во која можело да падне девојчето, но откога беше објавено дека е убиено и дека зад убиството стојат работниците на јавното претпријатие „Водовод“, полицајците почнаа да го бараат телото на девојчето во бунарите, шахтите. Се сомнева дека овој правец на претресот е почнат токму поради тоа што осомничените добро ги познавале шахтите и бунарите во селата Бањско Поле и Злот.

Бањско Поле беше клучно место во првите денови од потрагата по Данка Илиќ. До доцна во ноќта по девојчето трагаа голем број полицајци, како и пожарникари и спасувачи. Ги прегледаа и шумата и секоја педа од Бањско Поле – од грмушки, бараки, недовршени згради, па сѐ до септички јами, бунари и шахти.

И покрај признанието на Дејан дека го извршил убиството, а Далибор дека му помогнал на својот брат да го скрие телото, сѐ уште не се знае каде е скриено телото на девојчето.

Во меѓувреме, Далибор почина во полициска станица за време на приведувањето, а полицијата со денови стои пред домот на семејството Драгијевиќ, каде што остана само мајката на Дејан, Светлана.

Најпрвин била испразнета септичката јама во нивниот двор во селото Злот, потоа влегол багер, а бил прегледан и бунарот, кој се наоѓа во соседниот двор.

Полицајците извршиле увид и во дворот на соседот на семејството Драгијевиќ – од септичката јама до бунарот.

Пожарникарите и спасувачите при претресот испумпувале и вода од блиското мочуриште.

Далибор Драгијевиќ, кој почина ноќта меѓу 6 и 7 април во полициска станица, призна дека му помогнал на својот брат да се ослободи од телото на двегодишната Данка. На полицијата ѝ набројал 20-ина локации на кои би можело да биде телото, но на тие места полицијата не пронашла ништо, пишува „Блиц“.

Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско Поле кога отишла на семејниот имот со мајка си Ивана и нејзиниот тригодишен брат.

Се сомнева дека Јанковиќ и Драгијевиќ првин го удриле девојчето со службениот автомобил. Драгијевиќ потоа наводно го задавил девојчето и се ослободиле од телото, кое досега не е пронајдено.

Драгијевиќ пред обвинителот го признал делото, а Јанковиќ се бранел молчејќи. Потоа на двајцата им беше одреден притвор до 30 дена.

 
11.04.2024 - 11:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега