Телма: Владата планира продавниците да продаваат производи без заработка
Лебот и други основни продукти да се продаваат без маржа е намерата на Владата, јавува Телма. Како што јавува телевизијата, утрово министрите за економија Крешники Бектеши и за финансии Фатмир Бесими имале состанок со преставници на групацијата на маркетите на оваа тема но за сега нема дефинитивен одговор каков е исходот од средбата.
Економските министри се во владата за да се утврдат понатамошните мерки во однос на цените на основните производи.
Во меѓуврме се уште нема информации за тоа дали Владата е подготвена да се откаже од својата „заработка“ од горивата за кои плаќаме по 22 односно 15 денари акциза по литар и плус 18% ДДВ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа