Таткото на осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ: „Мислам дека детето е продадено“

 

Радослав Драгијевиќ, таткото на осомничениот Дејан, беше изненаден од сведочењето на Срѓан Јанковиќ, кој е поврзан со убиството на Данка Илиќ (2). Јанковиќ во Вишото јавно обвинителство во Заечар изјави дека „никогаш не го видел девојчето ниту ја убил“.

– Со денови не сум дома. Само што дојдов, бев отсутен поради обврски. Многу сум болен и времето го поминувам посетувајќи лекари. Не сум запознаен што кажа, сега го слушам. Па што сега, тој сака да пренесе се за да го направи мојот син затвореник до крајот на животот. Ќе видиме како ќе биде до крај. Сè уште мислам дека не е се така и дека детето е продадено – изјави Радослав Драгијевиќ, кој беше уапсен за соучесништво во делото затоа што помогнал телото на девојчето да се пренесе од депонијата на друга локација и по притворот кој истече на 29 мај беше пуштен да се брани со слобода.

Ова тешко злосторство, за кое се мислеше дека вчера го има својот епилог, се чини дека секој ден добива различни размери, поради новите и сосема контрадикторни изјави на оние кои би можеле да бидат виновни за се, пишуваат медиумите во соседството.

Драгијевиќ се бранеше во притвор со молчење, дури побара и изземање на првичниот бранител, сега го наведува фактот дека не е виновен, дека не знае ништо за ова и дека детето „најверојатно е продадено“. И Срѓан Јанковиќ се бранеше со молчење повеќе од два месеци, а кога реши да зборува и да изнесе се што знае за ова кривично дело и можеби да ја реши двомесечната агонија, рече дека никогаш не го видел девојчето, ниту пак го удрил со службен автомобил, во кој, како што вели, нема знаци ниту докази дека автомобилот бил оштетен од удар. За случајот со малата Данка Илиќ не се чувствува ниту виновен ниту има грижа на совест.

„Повлекувам се што сум кажал во полиција, секоја моја изјава“, рекол Јанковиќ во обвинителството.

Според написите во медиумите, ниту изјавите на мајката не се усогласени, па како ќе се одвива сето тоа ќе покаже текот на истрагата, со која се уште детално се занимава ВЈТ во Заечар.

06.06.2024 - 10:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега