Таравари најави протести: Извршена е брутална кражба на гласови во албанскиот блок

Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, најави дека заедно со коалицискиот партнер Алтернатива в понеделник ќе одржат протестен марш со пораката „Доста е“ за да го изразат револтот против „злоупотребата на гласовите и полнење на кутиите на изборите од страна на ДУИ“.

Тој најави дека протестите со мотото „Избори ДА, крадење НЕ“, ќе почнат во понеделник во 18 часот од паркот во Чаир во Скопје и ќе ги организира коалицијата Алијанса-Алтернатива.

Спород него, извршена е брутална кражба на гласови во албанскиот блок, поради што поднеле жалби до Управен суд за изборни прекршувања во петтата и шестата изборна единица.

Тој вели дека не очекува да да бидат прифатени бидејќи, како што обвини, во судот има судии блиски до ДУИ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2020 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега