Таравари ја разреши економската директорка на Токсикологија која на работа одеше со преведувачка

 

Разрешена е економската директорка на Клиниката за Токсикологија, Бесија Иљази.

Министерот за здравство Арбен Таравари ја разреши  Бесија Иљази, досегашна економска директорка на Клиниката за Токсикологија.

Иљази на работа одеше со преведувачка, со никој не комуницираше на македонски јазик.

Таравари вчера најави дека денеска ќе почне со разрешување на економски директори на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

 Неговата крајна цел е функцијата економски директор повеќе да не постои.

25.06.2024 - 12:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега