Талески: Постигната рекордна цена на тутунот, парите кај тутунарите до крајот на годината
Оваа година е година на рекордни приходи на тутунопроизводителите. Постигната е досега рекордна цена за откупен тутун. Просечната откупна цена за килограм тутун од годинешнава реколта изнесува 285 денари и е за 40 отсто повисока во однос на минатогодишната рече на прес конференција пратеникот на СДСМ Миле Талески.
„ Откупот на тутун од реколтата 2022 година тече интензивно во сите 200 откупни пунктови, кои се на целата територија на државата.
Откуп на тутун вршат вкупно 10 регистрирани откупни претпријатија на 200 откупни пунктови. До сега се откупени 16.5 милиони килограми од вкупно произведени 25.850 тони и според процените, откупот на тутун се очекува целосно да биде завршен пред Нова Година. На овој начин, за прв пат во историјата сите тутунопроизводители на своите сметки ќе ги добијат парите пред новогодишните празници. Согласно постигнатата рекордно висока откупна цена, значи дека и субвенциите по класи ќе бидат најголеми до сега ", вели Талески.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа