Талески: Мицкоски посегна по сценарија за плашење на народот, ЈО да го истражи целиот случај

Жално е да се гледа Христијан Мицкоски овие денови, борејќи се со секојдневните скандали, кои му се случуваат во неговата влада. По избивањето на неспособноста на практицирањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ, посегнаа по најцрните сценарија, коишто може да се случат, а тоа е да го заплашуваат и да го лажат сопствениот народ со загрозување на безбедносната состојба, истакна пратеникот на СДСМ Миле Талески во „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.
 
-Ова е дефокус за се што излажаа во предизборието. За момент се врати груевистичкото – гебелско однесување во кое се пренесуваше параноја, криза, страв кај граѓаните, да ги уплашат граѓаните да ги држат во некаква тензија, се со една цел да ги прикријат или заборават скандалите што секојдневно ги прави оваа влада, во овие неполни 35-40 дени откако се на власт и тоталната неспособност во секој сектор на нивното владеење, рече Талески, додавајќи дека , се што имаат како информација за загрозување на безбедноста се должни да го испроцесуираат во институциите на системот.
 
Талески нагласи дека Христијан Мицкоски и Панче Тошковски се одговорни за безбедносната состојба во државата, тие не се повеќе опозиционери, тие се должни да работат врз основа на процедура и закон.
 
-Ја повикуваме претседателаката на државата ако веќе има таква ситуација, конечно да го конституира советот за безбедност, нека ги приложат сите информации, а не да се доведеме во ситуација претседател на влада на држава членка на НАТО да излезе во јавност и да кажува дека има загрозување на безбедностната состојба, истакна Талески.
 
Талески нагласи дека прикривање на информации е кривично дело.
 
Затоа ние како политичка партија го повикуваме ЈО по допрен глас да го истржи целиот случај со информациите што ги изнесе премиерот и да ја информира јавноста и и долку лажеле и ја манипулирале јавноста да се поднесат кривични пријави за предизвикување страв и паника кај граѓаните, а доколку се точни тие се одговорни да ги преземат сите мерки да се спречат такви ситуации, порача пратеникот на СДСМ Миле Талески во „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.
07.08.2024 - 22:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега