(ТАБЕЛА) Пресек до 15 часот: Во овие општини најмногу граѓани излегле на гласање
Новаци ја носи титулата на општина каде граѓаните најмасовно излегле да гласаат до 15 часот, согласно податоците на Државната изборна комисија. 57,69% од избирачите таму го оствариле своето право на глас. По оваа општина, следува Крива Паланка како општина каде граѓаните најмасовно излегле на гласање. И Крушево се категоризира во топ три општини со најголема излезеност до 15 часот.
Демир Капија, Пробиштип, Вевчани, Карпош, Центар и Неготино се исто така градови во Македонија, кои се најдоа на врвот по бројот на граѓани кои најмасовно го искористиле своето право на глас до 15 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа