СЗО ја затвора канцеларијата во Москва

 

Светската здравствена организација објави дека нејзините членки во Европа гласале за затворање на Европската канцеларија за превенција и контрола на незаразни болести во Москва.

Одлуката беше прифатена со потребното мнозинство на посебен состанок на европската канцеларија на СЗО, пренесува Ројтерс.

Според соопштението на Светската здравствена организација, канцеларијата ќе биде преместена во Копенхаген до 1 јануари 2024 година.

Неименувани дипломати претходно изјавија за Ројтерс дека затворањето на канцеларијата во Москва било наменето како политички чекор за да помогне во обидот да се изолира Русија и не се очекува да има здравствени последици за Русија или глобалната здравствена политика.

Незаразните болести како што се дијабетесот и ракот се водечка причина за смртност во европскиот регион на СЗО, кој опфаќа 53 земји.

16.05.2023 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега