Светското население во 2023 година брои повеќе од осум милијарди луѓе
За 75 милиони луѓе се зголемила светската популација во текот на изминатата година, а на почетокот на новата 2024 година на планетата ќе има повеќе од осум милијарди луѓе, покажуваат податоците објавени од Бирото за попис на САД.
Стапката на раст на светската популација во изминатата година беше нешто под еден процент, соопшти Бирото. Нагласено е дека на почетокот на 2024 година во светот ќе се родат повеќе од четири деца, а секоја секунда ќе умираат по две лица.
Стапката на раст во САД во изминатата година беше 0,53 отсто, што е околу половина од просечниот раст на светската популација. Населението во САД во текот на 2023 година се зголемило за 1,7 милиони луѓе на 335,8 милиони луѓе, пренесува Танјуг.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа