„Супер Марио“ продадена на аукција за 114.000 долари
Неотворен примерок од видео играта „Супре Марио Брос“ од 1985 година вчера е продаден на аукција во САД за рекордни 114.000 долари.
Досега најскапо платена видео игра беше јапонската верзија на „Мега ман“ од 1987 година, за која беа платени 75.000 долари.
Јапонската компанија Нинтендо ја претстави играта Супер Марио Брос во 1985 година, за подоцна главниот јунак Марио да еволуира во 3Д икона на видео игрите, а снимени се и телевизиски серии и филм со него.
11.07.2020 - 13:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа