Судијката Лидија Чачева која одлучувала за укинување на пресудата за Мијалков е во пензија уште од 7 декември

 

Судијката Лидија Чечева која е една од петте судии од Апелацискиот суд кои ја укинаа пресудата за ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, Горан Грујевски, Никола Бошковски, Гордана Јанкулоска и други, за масновото прислушување во предметот „Таргет-Тврдина“ е во пензија уште од 7 декември, пренесе „СДК.МК“.

Одлуката на Судскиот совет е објавена и на официјалниот вебсајт.

2. Донесени се одлуки за престанок на судиска функција на судии поради исполнување на услови за старосна пензија:

- Виолета Поповска, судија на Апелационен суд Скопје

- Лидија Чачева, судија на Апелационен суд Скопје

- Славица Тоиќ, судија на Основен суд Тетово и

- Лилјана Јанкова, судија на Основен суд Штип.“, се вели во соопштението од Судскиот совет.

16.12.2022 - 21:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега