„Студентски отпор“ бара оставка од министерот Шаќири

 

„После вчерашната ситуација во Студентскиот дом „Пелагонија“ каде што голем број на студенти се соочија со здравствени потешкотии по труење со храната од мензата, денеска се соочивме со уште едно разочарување за студентите. Штотуку започна исплатата за стипендиите на студентите, но само на тие што продолжуваат. Покрај тоа што беше ветено дека ќе се започне најпрвин со исплата на ланските средства кои не беа изедначени со новата сума, ниту тие средства беа исплатени, а ниту новите рати за стипендии кои ги добија студентите денес не беа по изедначената сума, односно ја добија истата сума како лани, за која Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди дека е дискриминаторска“. Овие пораки ги испраќаат од здружението Студентски отпор.

Резултати за новоподнесените апликации за стипендии се уште нема, иако првиот семестар од академската година заврши, а резултатите од истиот лани МОН ги објавија во месец октомври, додаваат од Студентски отпор во соопштението испратено до медиумите

„Сè уште нема укинивање на рестриктивните мерки кои важат за штедење на електрична енергија во студентските домови, и студентите таму се уште живеат со рестрикции, со млако парно, млака/ладна вода и со исклучени лифтови и решоа.

Студентите повторно се извисени од надлежните институции пред празниците кои следат.

Студентски отпор бара неотповиклива оставка од Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и разрешување на директорот на ДСД „Скопје”, Виктор Велевски“, потенцираат од Студентски отпор.
29.12.2022 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега