Студено утро во Македонија, измерени -10 степени

 


Најстудено утрово е на Попова Шапка -10 степени, во Крушево е -4, Тетово и Маврово -3, Охрид -2, во Скопје се измерени два степена, а најтопло е во Гевгелија со пет степени, соопшти УХМР

На Попова Шапка има и најмногу снег 44 сантиметри, во Маврови Анови 27, а во Крушево пет.

Во текот на ноќта преовладуваше променливо облачно време. Утрово е сончево со мала до умерена локална облачност. Дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

16.12.2024 - 08:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега