Струмица: Тешки повреди - со мотор удрил во автомобил

 

Возач на мотоцикл се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила во Струмица

На 03.09.2024 во 18.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосница од бул.„Ленинова“ и ул.„24 Октомври“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.М.(57) од село Ново Село, струмичко и мотоцикл „јамаха“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Д.Ѓ.(25) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица – се вели во соопштението на МВР.

04.09.2024 - 12:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега