Страстите не се смируваат: Ана Николиќ распали по Милица Павловиќ
Медиумската војна меѓу Милица Павловиќ и Ана Николиќ не стивнува.
Тие две пред неколку месеци влегоа во конфликт поради песната „Проверено“, која Павловиќ ја купи и ја стави на нејзиното ЦД, а Николиќ ја пушти својата демо верзија на овој хит, на своите настапи ја пее со изменет текст и ја најавува како нејзина.
Иако во еден момент се чинеше дека скандалот околу оваа песна е завршен и дека Милица ставила точка на оваа приказна со повлекувањето од тужбата, ново масло на огнот долеа Ана, која со потсмев и ироничен тон, но и лесковачки дијалект повторно жестоко ја навреди нејзината помлада колешка.
Имено, во една гласовна порака што можеше да се слушне и во емисијата „Ексклузивно“, Николиќ и порача на Милица дека не знае која е и дека ако и каже три реченици ќе оди во рикверц.
-Што повеќе имам да коментирам? Што е со оваа Милица што се заебава веќе? Ќе престане ли да ме мачи со оваа песна? Дали таа има друг хит на тој албум? Здраво, нека пее нешто друго. Нека се концентрира малку. Јас имам свои проблеми, рекла Ана, а потоа и се обратила директно и јавно се заканила:
-Госпоѓо Милица, сега не можам да се расправам, ми се спие. Господине Гроф, така почнува… А потоа, кога ќе и кажам три реченици… ќе оди во рикверц, ја заврши Николиќ изјавата за емисијата на ТВ Пинк.
Инаку, оваа провокација од страна на Ана дојде само неколку дена откако Милица донесе конечна одлука да се откаже од тужбата против неа, како и да и прости што незаконски ја симнала нејзината песна, која е еден од најголемите хитови оваа година.
-Сето тоа многу ме повреди… Иако се оддалечивме од сето тоа, сепак ми е неверојатно некој да сака да присвои песна на која нема апсолутно никакви права во очите на целата јавност. Отпрвин мислев дека сето тоа е случајност и некаков превид, но како одминуваше времето, сфатив дека тоа е всушност намера. Иако сакав да го поднесам случајот до правосудните органи, на крајот се предомислив. Не сакам да се ставам во ситуација да бидам опкружена со негативни работи, приказни, околности, туку да уживам во се убаво што ми се случува. Така најдов сила да простам се, изјави Милица за медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа