Страшна трагедија во Нигерија: 32 деца загинаа во стампедо на карневал

 


Најмалку 32 деца загинаа за време на стампедо на карневал во југозападната нигериска држава Ојо, соопштија официјални лица, јавува Анадолија.

Инцидентот се случи вчера во исламското средно училиште Башорун во главниот град на државата, Ибадан.

 

Портпаролот Дотун Ојелиса им потврди на новинарите дека загинале 32 лица, додавајќи дека бројот може да се промени по целосниот полициски извештај.

Портпаролот на полицијата на државата Ојо, Адевал Осифесо, рече дека истрагата е во тек за да се утврди точниот број на жртви.

Анадолија дознава дека карневалот го организирала невладината организација Жени на кои им треба водство и поддршка, а полицијата ја испрашува основачката на организацијата Наоми Силекунола.

Омолева Азиз, која била на местото на настанот со својот седумгодишен син, изјавила за Анадолу дека пристигнала во 6 часот наутро додека толпата се обидувала да влезе во просториите на карневалот. Според неа, немало доволно луѓе за обезбедување.

„Многумина паднаа и беа прегазени, додека други се онесвестија“, рече таа.

Организаторите најавија храна и подароци за 5.000 деца, но околу 8.000 се појавија во средата во 5 часот наутро.

19.12.2024 - 11:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега