Страотна несреќа во Куманово - петмина повредени

Пет луѓе се повредени, меѓу кои и двајца малолетници во тешка сообраќајна несреќа која вчера се случила во Куманово.

-Вчера во 15.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од бул.„Трета македонска ударна бригада“ и ул.„Видое Смилевски Бато“ се случила сообраќајна несреќа  помеѓу патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(52) од Куманово и патничко возило „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(33) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Т., додека неговата сопатничка М.Т.(19), возачот М.Д и негови двајца малолетни сопатници, сите од Куманово,  се здобиле со телесни повреди констатирани во Ургентен центар Куманово. По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, велат од МВР.   

 

08.05.2024 - 12:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега