Стојкова Серафимовска: Учебната година почна, а учениците сè уште немаат учебници

На денешната 87 седница на Собранието на Република Македонија пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Велика Стојкова Серафимовска постави неколку прашања.

Стојкова Серафимовска постави прашање до министерката за култура,
 Бисера Костадиновска Стојчевска која иако пред некој ден кажа дека тоа што се збори во јавноста околу чувањето на културното наследство е неточно без да даде аргументи зашто тоа е неточно.

„Дали можете да ми кажете еве конкретно за овие добра кој се на листите на УНЕСКО, колку е издвоено, значи колку средства се издвоени од буџетот на МК на РМ за 2022 година и тоа зборувам од програмата  за заштита на културно наследство, значи не зборувам за другите програми како што е фолклор, домови на култура или музичко-сценска дејност, од секторот заштита колку средства се издвоени за сите вкупно добра културни кои се впишани на листите на УНЕСКО?“, праша таа.


Пратеничката посочи дека ова е прва седница од почетокот на учебната година и потенцираше дека учениците не добија учебници, а добија некои скрипти кои се кованици од неколку учебници.

„Зошто се уште на 29 септември нема печатени учебници и кога планирате да ги доставите печатените учебници?“, праша пратеничката.

Исто така, третото нејзино прашање беше поставено до министерката за труд и социјала Јованка Тренчевска се однесуваше за платите на вработените во градинките, односно сите вработени како што рече таа а не само на носители на дејност.

 
 
„Кога ќе се покачат кај сите, не само кај носителите на дејност туку кај сите вработени во градинките“, праша таа.
29.09.2022 - 17:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега