Стоилковски: Не постои систем, туку редици и турканици за сликање за лични документи

Овој хаос зад мене е сликата како СДС со Оливер Спасовски замислува европеизација! Македонски даночни обврзници ги втера во хангар да вадат документи, да ги фотографира, небаре е постконфликтен Авганистан“, вели Стоилковски.

„Ниту систем постои, ниту закажување, туку редици и турканици. Жално е што Оливер Спасовски и МВР подостоинствено и со поголема почит се поставија пред 215 белосветски криминалци кога им вадеа пасоши, отколку кон македонскиот народ кој што ги плаќа. Оливер Спасовски кој 7 години прави хаос во државата наместо и да се слика со донации од Заев во пред кампања за претседател, да си поднесе одговорност и оставка“, додава тој.

15.11.2023 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега