Стоилковски: Директор на центар за социјални работи, кадар на Тренчевска во Радовиш, приведен за трговија со дрога
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на денешната прес-конференција рече дека на крими-скандалите на СДС им нема крај.
Стоилковски истакна дека директор од СДС, пулен на Јована Тренчевска, прв човек на институција за социјални работи во Радовиш, е фатен од полицијата за трговија со дрога.
„Александар Филев, ВД директор на меѓуопштински центар за социјални работи во Радовиш, на 17-ти месецов, 5 минути пред полноќ, во Штип, бил приведен од службеници од одделот за недозволена трговија со дрога и оружје, заради тоа што кај директорот Филев била најдена и одземена дрога. За тоа има и полициски записник, дека е приведен, дека е пронајдена опојна дрога и дека следува поднесок. Прв човек на центар за социјални работи, центар за луѓе во социјален ризик, центар за деца во ризик, центар кој е одговорен за трезвеност во носење одлуки за помош на деца и семејства во ризик, меѓу кои и помош за состојби предизвикани од зависности, таков центар е воден од директор, кадар на СДС, фатен во трговија со дрога“, посочи, рече Стоилковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа