Стоилковиќ се сретна со Рокас: Фокус на правата на малцинствата

 


Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со новоименуваниот амбасадор на ЕУ во РС Македонија, Н.Е. Михалис Рокас.

На средбата стана збор за клучните прашања, приоритети, но и идните планови на Министерството за односи меѓу заедниците, како и соработката со ЕУ, со акцент на помалите етнички заедници во земјава.    

„Како Министерство ни значи соработката со ЕУ од причина што помалите етнички заедници немаат друга адреса освен ЕУ, со оглед на тоа какво искуство имавме се надевам дека работите со ваша помош ќе ги исправиме“, рече на средбата потпретседателот и министер за односи меѓу заедниците Стоилковиќ и истакна дека е задоволен од тоа како се одвиваат работите во првите 100 дена.

Заклучокот на двајцата соговорници беше дека заштитата на етничките заедници е приоритет на Министерството за односи меѓу заедниците, како и дека постојат многу точки за кои може да се зборува, а, како што нагласи, амбасадорот на ЕУ Рокас нашата земја секогаш може да смета на помош и поддршка од Унијата.   

Амбасадорот Михалис Рокас го изрази своето задоволство од, како што рече, храброста и решителноста на вицепремиерот и министер Стоилковиќ за изнесените податоци за затекнатата состојба во Министерството, и воедно ја изрази својата поддршка кон реформските процеси и приоритетите во делот на заштитата на правата на етничките заедници и нагласи дека не смее да има никакво оправдување и сето она што е злоупотребено треба да биде процесуирано. 

 Тема на разговор беа и економските прилики во земјата и фактот дека соработката меѓу балканските земји ќе придонесе за стабилноста во регионот, а придобивките ќе ги чувствуваат сите. 

На крајот од средбата потпретседателот и министер Стоилковиќ уште еднаш упати честитки до амбасадорот за назначувањето на новата функција и изрази уверување дека соработката, но и пријателските односи не само што ќе го задржат досегашното ниво, туку и ќе се продлабочат во наредниот период.

09.10.2024 - 18:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега