Стефковски: Тренчевска ја врати разрешената директорка

 

МТСП ги одзема надлежностите на Општина Гази Баба над градинката Детска радост во Автокоманда, информираше вечерва градоначалникот Бобан Стефковски на социјалната мрежа ФБ. Тој закажа и прес-конференција за утре наутро.
 
„Доцна попладнево пред крајот на работното време во општина Гази Баба пристигна Одлуката со која Министерката за труд и социјална политика ни ги одзема надлежностите над градинката Детска радост во Автокоманда.
Но она што загрижува е Одлуката на Министерката да ја врати разрешената директорка на чело на градинката, што е директна заштита на незаконско работење утврдено со ревизорски извештај.
Состојбата е загрижувачка и за таа цел закажувам прес конференција, утре 27.05.2023 година (сабота) со почеток во 11:00 часот во просториите на општина Гази Баба“, напиша Стефковски на ФБ.

26.05.2023 - 20:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега